Венчавката би требало да е ден кога го славите преминот во нова фаза на животот со вашиот избраник или избраничка.
Кумот или кумата, отсекогаш имале важна улога, па секогаш се советувало паметно да ги бирате.
Не се вели за џабе “Бог на небо, кумот на земја”.
Поголемиот дел од луѓето, избираат личности со кои се најблиски и на кои најмногу им веруваат, а тоа се неретко најдобрите пријатели.
Сепак, една дама, имала поинаков план, од причина која веројатно ќе ве запрепасти.
Анонимна жена на социјалната мрежа Reddit, објаснила дека таа и нејзината пријателка, кои се познаваат уште од детството, секогаш си велеле една на друга дека ќе си бидат кума на венчавката.
Дури и кога нејзината другарка се отселила, останале во контакт и имале близок однос, иако не можеле често да се гледаат.
Меѓутоа, кога дошло време да својата најдобра пријателка ја праша да и бие кума, оваа идна невеста размислувала за други опции.
Таа во својот пост кој го споделила со луѓето, вели дека е искрено загрижена поради идните фотографии од венчавката, бидејќи нејзината пријателка нема убава насмевка.
Како што вели, таа ја обожава својата пријателка, но иако не сака да повреди нечии чувства, не е сигурна дали сака да гледа во фотографии со кумата која има лоша насмевка.
Таа ги прашала луѓето што да прави, дали воопшто да го исполни ветувањето и да ја земе својата пријателка за кума, или тоа ќе значи прекин на другарството.
Нејзината објава наиде на големи осуди од страна на другите корисници на Reddit. Една корисничка дури напиша, дека не и е грижа како ќе изгледаат луѓето на нејзината венчавка, туку дали сите добро ќе се забавуваат.
Ваквите коментари се нижеле, а луѓето биле искрено разочарани со ваквите ставови на идната невеста, пишува Objektiv.rs