По феноменалната победа над Александар Зверев во четвртфиналето на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ бил на “мета“ на медиумите на конференцијата по дуелот.
Освен тениските прашања и очекувањата во полуфиналето следело едно несеојдневно прашање.
Еден од нвинарите го прашал Ѓоковиќ дали во некој филм би сакал да го глуми Том Круз?
Следел експресен одговор.
„Не би сакал“ – кратко одговорил Ноле и додал: „Го почитувам како актер, но повеќе ги сакам Леонардо ди Каприо, Роберт Де Ниро, Џерард Батлер, а од актерките, Хали Бери, Шерон Стоун и Џесика Алба.“