Не се појавува често во јавноста, но кога ќе го направи тоа сите ги воодушевува: Амал Клуни во мини-фустан кој е чист моден сон за девојките

640

Брачниот пар Клуни традиционално летува на езерото Комо во Италија.

И, на радост на фановите се појавиле фотографии од тој одмор кои ни донесоа уште едно модно уживање.

За тоа модно уживање заслужна е прекрасната Амал Клуни, но рака на срце и Џорџ Клуни значително го подобрил својот стил откако е во врска со познатата адвокатка, а потоа и се ожени со неа во 2014 година во Венеција.

За модното задоволство коешто го приредила госпоѓа Клуни има неколку зборови: светкав, мини-фустан. Таа била фотографирана во можеби најдобрата верзија од овој фустан затоа што на истиот гледаме вистински моден шик.

Чипката која често е резервирана за ноќниците и светките кои донеле нота гламур, прекрасно се споиле на овој модел облека.

Чантата само наизглед отстапува од оваа модна комбинација, а всушност ја прикажува сета модна умешност на Амал Клуни.

Сопругата на Клуни не се појавува често во јавноста, но затоа нејзините јавни настапи се примери за моден спектакл.

Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Амал Клуни?