Не си играјте со него: Тој е најљубоморниот хороскопски знак

643

Веднаш ќе ве освои, но бидете претпазливи со него…Одданоста на овој хороскопски знак е нешто што ќе ве освои во старт. Шкорпиите се едноставно најдобри пријатели за целиот живот, никогаш нема да ги издадат вашите тајни и ќе ви бидат оддани.

Ним, можете да им ги кажете сите тајни и скриени фантазии. Подготвени се да зборуваат за се и никогаш нема да ве судат.

Но, тие се прилично незгодни, кога е љубомората во прашање. Можат да направат ектремно љубоморна сцена.

Тоа е поради тоа што ги води страста. Иако имаат многу позитивни страни како снаодливост, храброст и искрено пријателство, сепак љубомората им е една од најлошите страни.

Општи карактеристики за шкорпија

Силните шкорпии се управувани од две планети Плутон – планетата на моќта и контролата и Марс – планетата на војната и енергијата. Плутон е извор на власт и влијание, но и на мистерија (во митологијата Плутон е Бог на подземниот свет). Многу шкорпии се „дават во темнината“ и многу често носат црно или шокираат со бои, како црвената и розовата. Мистериозните Шкорпии се најнеразбирливиот знак во хороскопот.

И шкорпијата и овенот се управувани од Марс. Во древната митологија, Марс е бог на во*ната. Под влијание на Марс шкорпиите се стратезите во хороскопот, тајните агенти, кои планираат, додека овните се на чело на битката.

Ако сте родени во овој знак, исто како и митолошката шкорпија и вие реагирате остро на сè и не сакате да се потчинувате на заповеди. Понекогаш развивате самоуништувачко поведение и исто како и шкорпијата може да се „самоизедете“ пред некој друг да го направи тоа. Кога еднаш земете решение не го менувате и понекогаш ги постигате дури и оние цели, кои што други би ги нарекле невозможни.