Не стивнуваат реакциите на Твитер, се појави и унгарска карикатура за експремиерот

1205

По вчерашното огласување на експремиерот Никола Груевски на својот Фејсбук профил, каде напиша дека побарал политички азил во Унгарија, Твитер заедницата ја покажа својата смисла за хумор.

Реакциите на Твитер се уште не стивнуваат – по вчерашното издвојување на дел од најдобрите твитови, погледнете што денеска напишаа македонските твитерџии за Никола Груевски.

На унгарскиот портал “HVG” се појави карикатура од поранешниот премиер на која тој се поздравува со унгарскиот претседател, Виктор Орбан, а на истата пишува:

“Како премиер крадев, злоупотребував и лажев. Сега ме гонат во мојата земја. Ќе ме земеш ли кај тебе?”, на што Орбан му одговара:

“Ние сме расположени секогаш да му посакаме добредојде на некој што ја дели нашата култура”.

По повод ваквата ситуација, европратеникот Кнут Флекенштајн не може да замисли дека унгарската Влада ќе му додели политички азил на поранешниот премиер Никола Груевски, кој побегна од издржување на двегодишната затворска казна за случајот “Тенк”.

“Тешко ми е да замислам дека унгарската влада ќе му гарантира азил на поранешниот премиер Никола Груевски. Тој може да биде сигурен само за процесот што е во тек во Скопје. Како второ, отсекогаш мислев дека Орбан не прифаќа баратели на aзил во неговата земја”, прокоментирал европратеникот на Твитер.