“Небото се отвори”: Незапаметена бура во Грција – Со багери го отстранувале градот од патиштата како да е снег

991

Пожарната бригада добила околу 60 повици да испумпа вода од бројни станбени и деловни објекти, а пет лица биле спасени од автмобилите кои ги зафатила бурата.

Силната бура вчера вечерта ја погодила околината на грчкиот град Драма, а врнежите поплавиле бројни продавници и станови, дури и оштетиле неколку патишта во тој дел од земјата.

Како што јавуваат грчките медиуми, Пожарната бригада добила околу 60 повици да ја испумпа водата од бројните станбени и деловни објекти, а пет лица биле спасени од автомобилите зафатени од бурата.

Покрај големата количина на дожд, подрачјето се нашло и под удар на силен град. За каква количина станува збор кажува податокот дека морало да се користат багери за да се ослободат патиштата, бидејќи паднало меѓу 30 и 40 центиметри мраз.

Градоначалникот на Драма Христодулус Мамсакос, за една радио станица рекол дека небото се отворило.

“Се прашувавме дали е реално тоа што го гледаме. Толку град не сме виделе никогаш, не можевме да веруваме. За само еден час сите патишта биле поплавени, а во исто време кога падна дождот дојде и градот, кој уништи се”, рекол Мамсакос.

Метеоролозите предупредиле дека во текот на денот може да се слушнат грмотевици, а ќе има и нови врнежи во централните и северните делови на Грција.