Неделен хороскоп: 28 јануари – 2 февруари

914

Јануари полека минува во февруари и доаѓа времето за неделниот хороскоп. Некои работи кои мислевте дека се невозможни, полека се исполнуваат.

Прочитајте го овонеделниот хороскоп.

Овен

Ви доаѓа да го срушите тоа за што сте работеле со години, но не ја правете таа грешка. Издржете уште малку.

Можен е брак со личност со која долго сте во врска.

Здравјето е добро.

Бик

Ви пречат импусливните реакции на колегите. Сакате да напредувате,но не сакате некој да ви стои на патот.

Раскинувањето доаѓа а самите сте виновни за тоа.

Можна е омалаксаност.

Близнаци

Не ве очекува ништо ново на полето на работа, влезени сте во рутина. Оваа недела тоа ќе ви одговара.

Тешко ви паѓа одалеченоста од партнерот.

Спијте повеќе.

Рак

Работата тешко ќе ви паѓа во текот на оваа недела. Сакате да се опуштите, но тој момент никако да дојде. Направете план за одмор.

Ви годи самотијата. Во тоа уживате оваа недела.

Здравјето е добро.

Лав

На работа ве нервираат многу работи, но таму сте кадешто сте. Не ви одат во корист наглите потези. Би сакале да смените многу работи, но не знаете од каде да почнете.

Заљубени сте, но се двоумите околу тоа. Прашање е колку успешна може да биде врската меѓу двајца Лавови.

Здравјето е добро.

Девица

Емоциите ви се одразуваат и на полето на работата. Не сакате многу да работите.

Средбата со саканата личност ви дава енергија за работа.

Можна е несоница.

Вага

На работа имате свој ритам кој не сакате да го менувате. Тоа ќе ви донесе успех оваа недела.

Вечна збрка и кругот се повторува и оваа недела. Ништо не се решава за вас во љубовта, туку работите дополнително се комплицираат.

Ви недостасуваат витамини.

Шкорпија

Работите се добри се додека имате поддршка од колегите. Оваа недела хонорарот ќе биде подобар од вообичаено.

Не сакате мирна љубов. Тоа не ви одговара.

Внимавајте во сообраќајот.

Стрелец

Вашата енергичност стапува на сила оваа недела. Имате план, знаете каде одите и никој ништо не ви може.

Во љубовта, мала стагнација и затишје.

Добро се чувствувате.

Јарец

Кога би можеле, би работеле 24 часа. Морате да најдете време за одмор и за блиските.

Партнерот ви дава поддршка, но често не ве разбира.

Мачнина.

Водолија

Оваа недела ве очекуваат многу обврски. Размислувате за тоа дали премногу обврски преземавте на себе. Сега е доцна за тоа.

Една личност ви го краде вниманието. Постојано мислите на неа.

Тренирајте.

Риби

Работата не ви паѓа тешко бидејќи сте работник. Вашата психа ви дава сила да издржите.

Ви одговара љубовта која ја имате во моментов. Ништо не би менувале.

Здравјето е добро.