Нефи Усеини и брат му не седнаа во судница, на Ибраим Усеини му се слошило, а Топалоски требало да чува деца

607

Нефи Усеини, советникот на ДУИ во Општина Охрид познат по своите дивоградби и насилно однесување во јавноста, заедно со брат денеска не седнаа во судница за инцидентот пред два месеца со охриѓанецот Спирко Топалоски.

Сепак рочиштето се одложи поради влошѓената здравствена состојба на Ибраим Усеини, кој имал проблеми со крвиот притиоск и бил префрлен во Центарот за кардиолошки и кардиоваскуларни заболувања во Охрид.

Медиуми јавуваат дека Спирко Топалоски, кој бил нападнат и удиран со пиштол од браќата а за тоа сведочат снимките од хотелот во Охрид, е отсутен од оправдани причини, односно немало кој да се грижи претпладнето дома за децата.

Бизнисменот и неговиот брат беа пуштени да се бранат од слобода откако понудија гаранција од 800.000 евра во недвижен имот, односно двајцата по 400.000 евра.

Инаку Усеини беше во притвор, откако пет дена беше недостапен за полицијата, а неговата понудена гаранција за да се брани од слобода беше прифатена по вториот предлог.