Нејмар емотивно се отвори: Плачев два дена

1187

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар призна дека му било исклучиво тешко кога дознал дека поради повреда ќе мора повторно да паузира.

На Бразилецот му беше дијагностицирано скршеница на коска на десната нога и веќе е од терените надвор еден месец.

„Овојпат се беше уште по комплицирано. Кога првиот пат се повреив си реков сам на себе дека мора што поскоро да се вратам. Бев надвор од себе. Овојпат ми беше многу потешко да ја прифатам ситуацијата. Плачев два дена“ изјав Нејмар за Глобо Еспорте.