Бразилскиот напаѓач преку Инстаграм одговори на девојката, па покажа дел од разговорите и фотографиите, кои му ги испраќала девојката додека била само по долна облека.
„Тоа што се случи тој ден беше однос меѓу маж и жена во четири ѕида, нешто што се случува во сите парови. Наредниот ден не се случи ништо, па продолживме со пораките. Обвинет сум за силување. Тоа е тежок збор. Ме изненади. Тоа е многу лошо и тажно“, вели Нејмар.