Некогаш беше најдебелото дете во светот, сега никој не може да го препознае (ФОТО)

731

Некогаш беше најдебело дете во светот, а сега истото момче е непрепознатливо бидејќи успеа да ослаби повеќе од половина од телесната тежина.

14-годишниот Арја Перман од Индонезија, кој на 11 години тежеше 190 кг, сега изгуби 110 кг и е инспирација за другите.

Детето е родено со нормална тежина од 3,8 кг, но откако наполнило 4 години деновите ги минувало постојано јадејќи големи количини на брза храна.

До пред една година тежеше 193 кг, но со помош на естетска операција, а подоцна и со здрава исхрана и тренинг со професионален бодибилдер, тој сега тежи двојно помалку, пренесе Daily Mail.

„Малечкиот е многу упорен и не се откажува од целта. Го поддржувам и ќе бидам покрај него до крај. Секој ден го следам неговиот напредок и не можам да се изначудам колкави промени има. Тоа што дополнително ме радува е неговата страст кон фудбалот. Ми дава надеж дека ќе продолжи да живее здраво“, вели Аде Раи, човекот кој му помогна на момчето да си го промени животот.