Долги и среќни бракови се ретка појава во Холивуд. Токму затоа се присетивме на славните парови кои го покажуваат спротивното од она кое го вели поразната статистика за долги бракови во Холивуд.
Мерил Стрип се запознала со Дон Гумер, недолго после смртта на актерот Џон Казале, нејзиниот колега од познатиот филм „The Deer Hunter“, со кој била во двегодишна врска. Шест месеци подоцна, го кажала судбоносното „Да“, а нивната љубов трае и денес, 40 години подоцна.
Долгогодишна врска имаат и славните актери Голди Хоун и Курт Расел, кои се заедно 34 години, иако никогаш официјално не си размениле прстени пред сведоци.
Меѓу брачните рекорди се наоѓаат и Том Хенкс и Рита Вилсон, исто така и Мајкл Џ. Фокс и Трајс Полан, кои се зљубени веќе 30 години, како и Кејли Престон и Џон Траволта, кои се заедно 27 години.
Проследете ја нашата галерија и погледнете ги 10-те холивудски парови кои ѝ пркосат на статистикатаи и изгледаат еднакво среќно денес исто како на почетокот на својата љубов.
Том Хенкс и Рита Вилсон, 30 години брак
Мерил Стрип и Дон Гумер, 40 години брак
Кели Престон и Џон Траволта, 27 години брак
Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик, 21 година брак
Мишел Фејфер и Дејвид Е. Кели, 24 години брак
Вил Смит и Џада Пинкет Смит, 21 години брак
Фелисити Хофман и Вилијам Х. Мејси, 21 година брак

Хју Џекман и Дебора-Ли Фурнес, 22 години брак

Голди Хоун и Курт Расел, 34 години врска

Мајкл Џ. Фокс и Трајс Полан , 30 години брак

Том Хенкс и Рита Вилсон, пред 30 години
