Некогашниот зависник од дрога и алкохол за шест месеци станал неверојатно згоден заводник

626

Некогашниот зависник од дрога и алкохол го трансформирал своето тело за само шест месеци. Слабеењето секогаш делува инспиративно и предизвикува восхит кога некој ќе успее во своите цели, а уште посилно влијание на светот остави 39-годишниот Мет Еленголд од Лондон кој имал проблеми со алкохолот и дрогата.

На патот до оставањето на токсичните и лоши навики, фитнесот во неговиот живот зазел навистина важно место.

Фокусиран на одвикнувањето од дрога и лкохол, Мет продолжил да јаде што сакал па набрзо видел дека почнува да ги зголемува своите килограми.

Тогаш одлучил да почне со фитнес тренинзи и во наредните шест месеци целосно се трансформирал. Мет изгубил неверојатни 28 килограм, а успеал да остане трезен веќе три години.

Мет вели дека фитнесот многу му помогнал во животот, откако почнал да вежба ја вратил самодовербата и вербата со себе и истакнал дека суицидните мисли повеќе никогаш не се вратиле во неговата глава.

„Претходно заспивав во мојот кревет со помисла никогаш повеќе да не се разбудам“ – изјавил тој.

Мет вели дека проблемите со зависноста кај него се појавиле во раните 20-ти години кога имал големи проблеми со самодовербата, а дрогата бил начин да се “ублажи“ тоа чувство.

Тој во 2011-та година се обидел да се самоубие, а потоа побарал помош во здравствените институции.

Мет денес е целосно нов човек, се храни со храна богата со протеини и секојдневно вежба, а луѓето на улица ретко го препознаваат.

„За некој кој се борел со депресија речиси 20 години, вистински успех е сега да се радува на секој нареден ден. Тренингот и диетата ми помогнаа да се научам на дисциплина и да контролирам некои работи кои ги внесувам во моето тело“ – заклучил Мет.