Со оглд на тоа што турските пилоти се на обука во САД за користење на најновите авиони од петта генерација „Ф-35“, а нивните колеги во Турција вежбаат користење на рускиот ПВО систем „С-400“, јасно е дека некој наскоро ќе мора да извиси.
Неименувани извори од Белата куќа во разговор со новинарите од британската новинска агенција „Ројтерс“ откриле дека САД сериозно ја разгледува опцијата за суспензија на потанамошната обука на турските пилоти за борбените авиони „Ф-35“.
Да постетиме, САД веќе подолго време ѝ вршат притисок на Анкара и се закануваат со санкции и исфрлање на Турција од програмата за развој на „Ф-35“ (иако Турција учествуваше во развојот со вложени пари), доколку турските власти не се откажат од купувањето на рускиот против-воздушен систем „С-400“.

Турските пилоти моментално се наоѓаат во американската воена база „Лук“ во сојузната држава Аризона каде што минуваат низ обука. Доколку нивната обука биде суспендирана, тоа ќе значи дека ќе бидат вратени назад во Турција.
Истовремено, група на турски војници се наоѓаат и во Русија, каде што добиваат обука за користрење на рускиот против-воздушен систем „С-400“.

Пред неколку дена турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар порача дека и руски војници би можеле наскоро да допатуваат во Турција каде што ќе ги обучуваат своите турски колеги за користење на против-воздушниот систем.