„Некој зборуваше словенечки зад мене, се свртив и шок – тоа беше Коби Брајант“

815

Гостувањето на Лука Дончиќ во Лос Анџелес предизвика голем интерес. Словенецот не можеше да поверува дека среде натпревар ќе се сретне со Коби Брајант и тоа во интересна конверзација крај аут линијата.

Двајцата се поздравија, а Лука пред новинарите објасни како Коби го повикал.

„Брајант зборуваше словенечки. Мислев е некој мој сонародник, се свртив, го видов Коби и бев многу изненаден“, рече Дончиќ.