Очекуваме дека уставобранителите конечно ќе добијат можност да ја докажат својата невиност, вели претседателот на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата од средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.
Нелоски исто така потенцираше дека време е Зоран Заев да ги тргне рацете од обвинителството и судството за да може уставобранителите да добијат вистинска правда.
– Очекување е да се излезе со заеднички став околу вистинската правда за уставобранителите, и очекуваме да Зоран Заев конечно ги тргне рацете од судството и обвинителството и овие луѓе кои се невини обвинети и за дело кое не го сториле конечно да добијат можност да се бранат и да ја докажат својата невиност, рече Нелоски.