Нема да има санкции за метежот по шопинг-центрите, туку евентуално само за манипулации со цените во шопинг-центрите за време на Црн Петок изминатиот викенд, според она што го објави денеска Државниот пазарен инспекторат.
– ДПИ изврши инспекциски надзори во петокот во моловоите низ целата земја, немаше големо отстапување од протоколите, а во моментов се обработуваат некои постапки во делот на попустите, рече Мери Продановска, претставникот на инспекторатот, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Ирина Сотирова Бухова, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, рече дека нејзините инспектори немаат ингеренции да постапуваат по санкционирање на моловите и сите правни субјекти кои ги елаборира ДПИ.