Нема да ви се верува: „Детето” коe пуши цигара на стадион е всушност татко на момчето до него

778

Интернетот „експлодираше“ откако се појави фотографија од „дете“ како пуши цигара на стадион на хуманитарен натпревар за собирање на средства за борба против ракот.

Турските клубови Бурсаспор и Фенербахче ја искористија репрезентативната пауза за да организираат пријателски натпревар. Средствата собрани од пријателскиот натпревар беа наменети за борба против болести како што е леукемијата, но и поддршка за деца со Даунов синдром и аутизам.

Се беше нормално како на секој хуманитарен натпревар, се додека камерата не „фати“ дете на трибините како пуши цигари. Фотографијата на момчето како пуши цигара експресно се прошири на интернет, а турските новинари веднаш започнаа да го бараат вистинскиот идентитет на детето.

На локалните медиуми не им требаше долго, но тоа што го открија ја шокираше Турција. „Детето“ во суштина е 36-годишен фан на Бурсаспор и е татко на детето кое што седи до него. Станува збор за човек со хормонално пореметување, па затоа го задржал „детскиот изглед“.