Денвер го победи составот на Мајами со 113:96, но натпреварот остана во сенка на инцидентот кој го предизвика Никола Јокиќ кога грубо реагираше на прекршок на Морис, и притоа Србинот доби исклучување.
Српскиот кошаркат имаше одличен настап што се однесува до играта, но срамно реагираше на прекршок на противнички играч, кој остана да лежи на паркетот. Тренерите и играчите успеаја да спречат поголем инцидент. Ова сиугурно ќе има последици, но сосема е извесно дека Србинот го чека суспензија.
Денвер од самиот старт ја превзеде иницијативата и како одминуваше времето, само ја зголемуваше предноста. Гостите во финишот успеаја само да ја намалат разликата.
Далас славеше над Њу Орлеанс со 108:92. Маверикс предводен од Лука Дончиќ, кој имаше 25 поени и пет скокови и пет асистенции, успеа да слави триумф.
Најнеизвесно беше на натпреварите Мемфис – Минесота и ЛА Лејкерс – Шарлот, кои ги добија домаќините по продолженија.
Jokic want all the smoke 💨 https://t.co/1W7J4FLfCC
— SAVVY RAMONE (@uAintGotNo_HOVA) November 9, 2021