Немили сцени во соседството: Кошаркарот кој сред меч го нокаутираше судијата заработи доживотна суспензија, а му се заканува и затвор

965

Кошаркарскиот сојуз на Албанија доживотно го суспендираше играчот на Тирана, Бруно Делиу поради напад на судија, јавуваат албанските медиуми.

Делиу, незадоволен од судиската одлука на Јурген Мухо кој пресудил фаул за противничкиот тим, најпрвин вербално го нападнал главниот арбитер на мечот.

Судијата решил веднаш да го санкционира тоа со техничка грешка, а во тој момент албанскиот кошаркар се затрчал кон него и почнал да го удира, по што го нокаутирал. Набрзо се вмешале играчите на двата клуба и ја смирила целата ситуација, но веќе било предоцна.

Делиу по ваквиот потег е доживотно суспендиран од кошарката, а му се заканува и затворска казна бидејќи законот во Албанија пропишува казна затвор од 1 до 5 години за насилство на спортски настани. Кошаркарот бил уапсен ден по натпреварот.