Необичен улов на езерото Шамплејн кај Њујорк: Уловила риба со две усти

762

Деби Гедс била на риболов со сопругот на езерото Шемплејн, во близина на Њујорк, кога од водата извлекла страшно суштество.

Станува збор за риба со две усти. Фотографиите од својот плен ги поставила на социјалните мрежи.

Засега не е јасно дали станува збор за генетска мутација која е предизвикана со загадување или станува збор за “нормален” изглед на непознат вид.

“Кога загриза мислев дека имам убаво парче на јадицата. Се борев долго и мислев дека е поголема. Кога ја извлеков, не можев да им верувам на своите очи. Имаше две усти и беше сосема нормална. Брзо ја фотографиравме и ја вративме назад во езерото”, рекла таа.