Необично и “безобразно”: Зошто Меган и Хари му го дадоа името Арчи Харисон на синот?

946

Принцот Хари и Меган Маркл вчера открија дека синот ќе го носи името Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор, име кое британските медиуми веќе го нарекоа “неформално”.

Но, зошто војводата и војвотката од Сасекс се одлучиле токму за ова име?

“Daily Mail” пишува дека Арчи е скратена верзија од традиционалното шкотско име Арчибалд што означува “верен, одважен и храбар”. За разлика од многуте други потомци на кралското семејство, малечкиот Арчи има само едно средно име – Харисон.

Како што веќе воочиле фановите на кралското семејство на социјалните мрежи, ова име со абориџинско потекло буквално означува “син од Хари”.