Неочекувана одлука на ЕУ: Ковид пасошите ќе важат само за вакцините кои ги одобрила Унијата!

651

Пасош-потврдата за вакцинација против коронавирус поради слободно патување во рамки на Европската унија треба да стапи на сила од 17-ти март и ќе важи само за вакцини чијашто ефикасност е утврдена од Европската агенција за лекови (ЕМА), потврди европскиот комесар за внатрешни работи, Илва Јохансон.

Веста најпрво ја пренесе ТВ мрежата „Еуроњуз“ од извори на ЕУ, а како што е наведено, пасош-потврдата за слободно патување не ја исклучува можноста граѓаните во рамките на ЕУ да патуваат и врз основа на тестови кои докажуваат дека не се заразени со коронавирусот или ако се согласат на карантин.

Според овие извори, еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс ставил до знаење дека земјите членки на ЕУ можат на своите граѓани да им одобрат вакцинација од разни вакцини, но потврдата за слободно патување ќе биде издавана само за вакцините кои ги одобрила европската служба и тоа се Фајзер/Бионтек, Модерна, АстраЗнека и Џонсон-Џонсон.

Пасош-потврдата ќе биде достапна во дигитална, електронска форма и како заверен сертификат на хартија.

Овозможувајќи им на граѓаните во ЕУ слободно патување и со тестови или карантин, се избегнува било каков вид дискриминација, а сега останува Европскиот парламент да ја потврди одлуката за пасошот, потврдата за вакцинација, со забрзана постапка.