Неочекувано: Би-Би-Си го избра миленикот на Путин за спортска ѕвезда на 2020 година!

549

Рускиот борец во УФЦ-серијата, Хабиб Нурмагомедов, помалку неочекувано, го доби признанието за спортска ѕвезда на 2020 година од британската национална ТВ-куќа Би-Би-Си.

Големиот фајтер, кој има 32 години, во октоври дојде до својата 29 победа во низа на професионалната сцена против Џастиј Гејт и тоа само неколку месеци по смртта на својот татко, кој му беше тренер, ментор и најдобар пријател,

Изненадувањето за изборот, барем според коментарите на социјалните мрежи, е фактот што Нурмагомедов доаѓа од Русија, која во моментов има исклучително студени односи со западните земји, меѓу кои е и Велика Британија. Згора на Тоа, Хабиб иако доаѓа од Дагестан, тој важи за миленик на рускиот претседател Владимир Путин, кој пак воопшто не е омилен на Западот и е сметан за диктатор.