Неофицијално: 30 починати во пожарот во Тетово, меѓу нив и пациенти, но и медицински персонал!

545

Најмалку 14 жртви има во пожарот што синоќа изби во ковид центарот во Тетово, објави телевизија Алсат М.

Телевизијата тврди дека веста е потврдена од официјални извори.

Неофицијално според телевизија Сител, бројката на починати по пожарот во ковид болницата во Тетово може да достигне до 30.

Меѓу починатите има пациенти но и лица од нивните семејства и медицински персонал кој вечерва бил на смена.

Сè уште се чекаат официјални информации.

 

Видео/Фото: 360 Степени