Несекојдневното видео кое што било снимено со дрон, ја прикажува најголемата светска популација на големите желки и нивниот пат до крајбрежјето каде што ги положуваат своите јајца.
Истражувачите од Квинсленд користеле беспилотно летало за да можат подобро да ја проучат популацијата на загрозените животни, а нивната метода резултирала со снимка која што станала вирална на социјалните мрежи.
Сцената прикажува над 60 илјади загрозени желки кои што патуваат на Raine Island, во северниот остров на Големиот Корален Гребен.
„Тешко беше да се обидеме прецизно да изброиме илјадници обоени и необоени желки од малото брдо и по сурово време“ – изјавил за „7News“, Ендру Данстан од квинслендското министерство за наука.
Според „National Geographic“, големите желки се упатуваат во долготрајна миграција до своите ‘гнезда’, при што нивното парење се одвива на секои две до четири години.
Женките често ја бираат токму онаа плажа од која што и потекнуваат, што го објаснува фактот зошто овој остров е дом на толку големи желки.
Женките копаат дупки во песокот, а потоа внатре положуваат околу 100 до 200 јајца.
Јајцата потоа одлежуваат околу два месеци, а најопасен дел од животот на желките е оној дел кога тие тргнуваат од своите гнезда во морето затоа што за тоа време изложени се на напади од многубројни грабливци, вклучувајќи и ракови и јата галеби.