Во Северна Америка е толку ладно што се замрзнале и некои делови од Нијагаринските водопади.
Студените бранови го погодиле Средниот Запад и североисточниот дел на САД, па од Нијагаринските водопади направиле замрзнувач.
Посетителите овие денови непрестајно објавуваат фотографии од неверојатните сцени, а изгледа како водопадот да удира во чистиот мраз.
„Сонцето изгреа само на 15 минути, се замрзнав на минус 25 степени“, рекла една жена која ја фотографирала неверојатна замрзната сцена.
Метеоролозите велат дека ладното време ќе продолжи до крајот на неделата, а температурите ќе се движат околу минус 20 степени.