Кендис Свонпул на Инстаграм објавила жешка фотографија од одморот на Јамајка, а иако е една од најубавите жени на планетата, таа спиела само со еден маж.
Атрактивната блондинка и ангел на “Victoria’s Secret”, по која воздивнуваат многу мажи, е мајка на две деца, а многумина ги изненадиле тврдењата дека во животот спиела само со еден маж, со кој била од 2005-та до 2019-та година.
Манекенката овие денови има прилично пополнет распоред поради обврските на модната недела во Њујорк, а одработила и модна ревија на славниот дизајнер Оскар де ла Рента, но изгледа дека повеќе сакала да биде на друго место.
Тоа го открила на Инстаграм, објавувајќи жешка фотографија од одморот на Јамајка, на која позира во минијатурно црно бикини.
“Од местото на кое сега повеќе би сакала да бидам”, напишала кратко покрај објавата.
Сексапилното издание на 31-годишната манекенка им се допаднало на нејзините фанови, па во коментарите и оставиле бројни комплименти.
“Изгледаш прекрасно”, “Ова е вистински рај”, “Убавица”, “Кралица на Јамајка”, “Би сакал да сум таму крај тебе”, “Ти си прекрасна жена”, “Те обожувам”, и порачувале фановите.
Кендис била во долга врска со свршеникот, манекенот Херман Николи, со кој има два сина, Анак и Ариел.
Но, иако важеле за еден од најстабилните парови, таа кон средината на 2019-та година потврдила дека е сама.
Николи повеќе го нема на нејзините фотографии од септември 2017-та година, а престанале и да се следат на Инстаграм. Исто така, кога убавицата во тоа време одговарала на приватни прашања од фановите, открила дека е слободна, но не сакала да открива повеќе детали.
Парот од почетокот бил многу таен кога станува збор за нивниот однос, Бразилецот ретко можел да се види на нејзините ревии, црвените теписи и јавните настани.

Меѓутоа, многумина шокирала нејзината изјава дека во животот имала само еден маж, односно сексуален партнер, и тоа токму нејзиниот поранешен свршеник.
Овој пар бил заедно уште од 2005-та година, кога Кендис имала само 17 години.
Како што е познато, Херман бил прв партнер на убавата Кендис, и од тогаш не се знае дали убавицата била со некој друг.