„Би сакала да имам уште едно дете и би сакала да биде девојче …”
Пејачката Емина Јаховиќ вчера гостуваше во емисијата Балканск улица, каде зборуваше за малку познати детали од нејзиниот приватен живот.
Меѓу другото, таа откри дека изгубила бебе пред 11 години.
– Завршував некои обврски во Белград и не знаев ниту дека сум бремена. Открив дека сум бремена кога се вратив во Истанбул. Нешто не беше во ред со фетусот и го изгубив бебето. Ако се случи, би сакала да имам уште едно дете и би сакала да биде девојче – рече Емина.
– Мајка ми Сенија и сестра миСабина беа особено против. Мама навистина го сакаше Мустафа и добро се согласуваа. Во некои моменти ми се чинеше дека го сака повеќе од мене – рече пејачката.
Фото: Инстаграм