„Нешто тука не е како што треба“ – Ивица Дачиќ бесен на германските власти, мисли дека нешто кријат околу смртта на Шаулиќ

830

Немал видливи и тешки повреди после сообраќајката

По автомобилската несреќа на пат за Дортмунд, народниот пејач Шабан Шаулиќ излегол сам од автомобилот и сам влегол во амбулантното возило. Тој ја преживеал несреќата, но починал во болница оради пукање на срцевата аорта.

Германските надлежни власти изјавија дека се чека на обдукцијата да ја покаже вистинската причина за смртта на пејачот, кој единствена нега што ја добил од лекарите била инекција за смирување и реанимација.

Во болницата биле околу 8, а сообраќајката се случила нешто пред 7. По реанимацијата морале да му го отворат градниот кош и тогаш виделе дека аортата пукнала.

Шабан Шаулиќ починал на 17 февруари во 10 часот и 25 минути, пишува во протоколот. Лекарите сметаат дека појасот од силниот удар се затегнал и му ја пресекол аортата, изјавила главната лекарка во полиција.

Но, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за ТВ Хепи изјавил дека не му е јасно зошто Германците чекаат за обдукција на телото, која треба да се направи во четврток, а не ја направат веднаш. Тој побара телото на Шаулиќ најбрзо што може да се донесе во Белград.