Нестабилно време: Локална појава на поројни врнежи и грмежи и услови за локално НЕВРЕМЕ

703

Денес во државава ќе имаме умерено облачно и сеуште многу топло време. Локално ќе има и позначителна облачност додека во попладневните часови и навечер ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за локална појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, истиот особено Долж Повардарието ќе засилува, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде умерено облачно и многу топло, во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 30 степени. Потоа утре, особено од пладневните часови па натаму на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на локално НЕВРЕМЕ проследено со електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во четврток сеуште ќе има повремени врнежи од дожд и услови за појава на локални грмежи, ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец а температурите значително ќе опаднат. Максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени. Во петок, иако атмосферата ќе биде постабилна, сепак ќе има услови за локален краткотраен дожд.