Несторовски со прекрасен гол донесе победа за Палермо во последните минути (ВИДЕО)

1030

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски со голот постигнат во 88.минута донесе победа за својата екипа Палермо во дуелот од 7.коло на Серија Б против Кротоне.

Ова е трета победа на Палермо во последните четири натпревари и екипата на македонските репрезентативци Нестровски и Александар Трајковски се проби на 5.место на табелата со 11 бодови.
Несторовски го постигна третиот гол сезонава за Палермо во Серија Б на шест натпревари на колку што има играно.

Вториот наш репрезентативец во палермо Трајковски беше стартер и играше до 76.минута.

Ова би можело да биде добар знак за селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски во пресрет на дуелите од Лигата на нациите што Македонија ќе ги игра против Лихтенштајн и Ерменија.