Причината за изненадната појава на бродските остатоци е поместувањето на морското тло по активностите на вулканот Сурибахи.
Дури 24 бродови кои биле потопени во текот на битката за Иво Џима, во која Американците и Јапонците се бореле во последните месеци од Втората светска војна, испливала од морскиот брег на брегот на споменатиот остров.
Причината за изненадната појава на бродските остатоци е поместувањето на морското тло по активностите на вулканот Сурибахи, пишува “Daily Mail”.
На снимките на јапонската “All Nippon News” се гледаат остатоци од труповите на 24 транспортни бродови кои Американците ги заробиле и потоа преместиле на западниот дел на Иво Џима за да им послужат како основа за формирање на пристаниште на островот.
Тие бродови послужиле како своевидни брани, за американските бродови да се заштитат од брановите и ветерот.
Децении подоцна сеизмичката активност на вулканот Сурибахи, кој се смета за еден од најактивните во Јапонија, го кренала морското дно, а со самото тоа и бродовите.
На островот денеска нема жители, но на него се присутни јапонски вооружени сили кои таму пристигнале откако Американците во 1968-ма година го вратиле островот под управа на Токио, пренесува “Jutarnji List”.
“Изгледа дека вулканската активност се уште не е завршена, постои можност од големи ерупции на Иво Џима”, порачал Сетси Накада, директор државниот Центар за истражување на вулкани.
На Иво Џима досега се забележани најмалку 10 ерупции, а последната се случила во 1982-ра година. Самиот остров од 1952-ра година поради вулканските активности се кренал најмалку 10 метри.
Во битката за Иво Џима, која траела од 19-ти февруари до 26-ти март 1945-та година, загинале повеќе од 7.000 американски и околу 18.000 јапонски војници, а завршила со американско освојување на островот. И додека за стратешката важност на битката и натаму се водат расправи, денеска е најпозната по славната фотографија од американските маринци кои на врвот на Сурибахи креваат американско знаме.