Неверојатна снимка од новиот автопат во Србија: Хулигани сопираат и демолираат автомобили

1342

Три лица се повредени во дивееењето на непознати напаѓачи на автопатот „Милош Велики“ во соседна Србија.

Како што пренесуваат српските медиуми, маскираните хулигани сред ноќ излетале на автопатот и вооружени со палки удирале по автомобилите. Станува збор за околу десетина лица кои маскирани со фантомки, пресретнале два автомобили на автопатот, ги демолирале и ги нападнале патниците, па побегнале.

Полицијата набрзо пристигнала на местото на настанот каде што затекнала две демолирани возила и четири лица од кои тројца биле повредени во нападот.

„На автопатот стоеше Рено автомобил со регистарски таблички од Нови Сад, на кој му беа искршени прозорците. Во автомобилот имаше две лица кои што имаа посекотини по рацете“, открива извор за српски „Блиц“.

Неколку метри подалеку стоел автомобил Ситроен со странски регистарски таблички, во кој исто така имало две лица од кои едното било со исекотина на вратот.

Според српскиот портал republika.rs, наводно напаѓачите биле припадници на навивачката група „Гробари“ на белградски Партизан.