Симон Андерсон од Оукланд, Нов Зеланд, ја покажа својата неверојатна телесна трансформација откако изгуби дури 92 килограми.
Кон крајот на минатиот месец, 29-годишната девојка објави фотографија на Инстаграм споредувајќи го изгледот од 2014 година и сегашниот, а луѓето не можат да веруваат колку таа се сменила.
„Размислувањето за изминатите скоро шест години секогаш ми предизвикува надреални чувства.“, започна таа. „Девојката од лево се бореше да се искачи на сопствената патека и 20-минутната прошетка ќе ја уништеше“.
„Брзата храна беше основа на нејзината диета и 99 проценти од нејзините оброци беа преработени“, откри таа, додавајќи дека нејзината сегашна состојба е сосема поинаква. „Изгубив 92 килограми и тренирам секој ден“.
„Јадам избалансирани и здрави оброци и уживам кога гледам дека станувам сè посилна и поцврста секој ден“.
Клучниот момент се случил кога сфати дека мора да промени нешто во нејзиниот живот, откако вагата покажа дека тежи 169 килограми. Потоа и беше понудена операција за стеснување на желудникот, која ја прифатила и започна нејзината неверојатна трансформација.
Таа вели дека операцијата и го спасила животот и дека и овозможила да започне да живее и да вежба поздраво.
Откако ја изгубила тежината, имала деветчасовна операција за да го отстрани вишокот на кожа од губење на тежината, што ја чинело дури 20 000 долари во Соединетите држави.