Неверојатни сцени во Вашингтон: Воен хеликоптер ги брка демонстрантите

639

Протестите во Соединетите Американски Држави продолжуваат и седми ден после убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од полицијата во Минеаполис.

Во најмалку 40 градови ширум САД е воведен полициски час, но и покрај тоа, демонстрантите и натаму се на улиците. Во 23 сојузни држави е активирана Националната гарда, а претседателот Трамп се закани и со ангажман на војската во сузбивањето на насилните протести.

Ситуацијата ескалираше во Вашингтон каде што демонстранти пристигнаа и во близина на Белата куќа каде што демолираа црква и дополнително го навлекоа гневот на Доналд Трамп.

Поради сериозната ескалација, Трамп го реализираше своето ветување, па на небото над Вашингтон се појавија воени хеликоптери кои летајќи ниско се обидоа да ги исплашат и растераат демонстрантите.