Невреме проследено со дожд и град денес напладне погодило делови од Србија, а на посевите е направена огромна штета.
Најдраматични снимки се забележани во селото Мачковац кај Крушевац, Студеници, Трстеник, Крушевац и Сјеница.
“Денес времето ќе биде нестабилно со локални временски неприлики. На повеќе места се очекуваат од 15 до 35 мм дожд за 12 часа”, предупредиле метеоролозите од “РХМЗ“.
Nevreme u Sjenici, grad veličine lešnika
Photos from Sjenica, SW Serbia (source: SM forum). pic.twitter.com/E6DIOZ0OWH
— Акакије Акакијевич (@basxmacxkin) May 19, 2020
Утре на северот и западот на Србија се очекува умерено облачно и суво време. Во останатите предели облачно и посвежо, на места со дожд и тоа во главно на истокот и југот на земјата.
“Невреме проследено со град со големина на јајце, направи штета на околу 80 куќи и помошни објекти на територијата на Сјеница“, изјавил заменик претседателот на Општината, Војо Трмчиќ.
Тој додал и дека најголем дел од оштетените објекти се во селата Богути и Багачичи, каде комисија ја проценува штетата.
“Прелиминарните податоци покажуваат дека крововите на објектите на 80-тина домаќинства се тотално уништени, најмногу на територијата не тие две села”, рекол Трмчиќ.
Градот оштетил и возила и посеви, а Трмчиќ апелирал на помош од државата.
Денеска беше најавено дека, утре ќе има невреме и во Македонија, да се надеваме дека нема да биде со овој интензитет.





