Неверојатни теории за паѓањето на метеорот во Русија! Прв стигнал ловец и еве што затекнал: Невозможно е ова човек да го направил, овде се срушил НЛО!

864

Жителите на Хабаровск во Русија тврдат дека метеорот е одговорен за лизгањето на земјата, од што се создал рид висок 150 метери.

Ловецот Антон Иванов прв го забележал брегот и вели дека видел како излегува пареа од повеќе места.

„Мирисаше на водород сулфид и видов неколку места како испаруваат. Дури пронајдовме место на врвот каде што имаше многу жешки камења, а нив ги искористивме за да си ги стоплиме рацете“, рекол Иванов.

По должината на реката Буреа, жителите, како што тврдат, пронашле парчиња жешки камења и делови од метеор.

Други, пак, тврдат дека необјаснивиот феномен во Русија е вонземски чин.

„Невозможно е ова човек да го направил. Нешто почнало да се прави или овде се срушил НЛО“, рекле сведоците.

Експертот од Факултетот за природни науки, д-р Евгениј Зубко, вели дека жителите го почувствувале првиот бран.

„Дали ќе биде можно да се пронајдат делови од метеор, зависи од параметрите на неговиот пад и среќа“, рекол тој.

Се верува дека „виновник“ би можел да биде земјотрес, како што вели регионалниот директор на Руското географско друштво, Алексеј Махинов.

„Причинител за лизгање на земјата може да биде и земјотрес. Можеби е и метеор во прашање, но тоа е малку веројатно“, рекол Махинов.

Директорот на Институтот за астрономија при Руската академија за наука, Борис Шустов, изјавил дека ниту еден метеор, кој би можел да направи штета каква што опишале жителите, не е забележан дека влегува во Земјината атмосфера.