Неверојатно невреме: Град со големина на јајце направи пустош во Романија

1331

Парчињата мраз кои имале пречник и до пет сантиметри оштетиле стотици возила, покриви од куќи и фасади.

Големо невреме го погоди романскиот град Залау, каде што за пет минути паднала огромна количина на град, која била доволна да го опустоши градот и да направи голема материјална штета.

Како што пренесуваат романските медиуми, во некои од погодените области, парчињата град биле со големина на тупаница, па стотици автомобили биле практично демолирани.

Од силината на ударите биле оштетени бројни покриви и фасади, а невремето со град било проследено и со силни ветрови, а било забележано дури и торнадо.