Вељко Ражњатовиќ и Богдана Родиќ вчера го изговорија судбоносното „да“, а после венчавката којашто ќе се одржи во Храмот Свети Сава, следеше свадбената веселба која што се одржа во хотелот „Хајат“ во Белград.
На самиот влез беше поставена декорација од бел цвет со балони со иницијалите на младенците.
Внатре во објектот се наоѓаше големо украсено дрво, а освен тоа на сите страни беа поставени балони во златно бела боја.
Цеца не штетеше пари, па на менито имаше сешто.
Според српските медиуми свадбата наликуваше на кралска венчавка, бидејќи сепак Цеца еднаш го жени синот единец.
Доказ дека пејачката не штедеше за свадбата на синот е и менито кое со кое беа почестени сите 500-тина гости.
Имено Цеца посакала на свадбата да биде служено „кралско мени“ кое чини 75 евра по лице и ги вклучува најлуксузните јадења и пијалаци, па така според оваа математика таа искеширала само 36 илјади евра во ресторанот, без претходните трошоци кои ќе ги има семејството.
Менито кое го барала Цеца да го има на венчавката на синот се содржи од предјадење, главно јадење, супа и десет, како и пијалак.
Па така на менито кое е именувано како „кралско“ имало бифтек, кралска шеф салата, лосос со кокосово млеко, патка прелиена со сос од боровница, се пиеле најскапи алкохоли и виски, а за време на свадбената торта се служело и моет.