НЕВИДЕНА ДРАМА: ДВЕ ДЕВОЈКИ КИДНАПИРАЛЕ МОМЧЕ КОЕ ГО ДРОГИРААТ И ГО ОПИВААТ

917

Откако семејството на Елведин Хамзиќ од Живиница пријавило во Аваз.рс дека две девојки го „киднапирале“ ова момче, се појавиле нови информации во врска со неговото исчезнување.

Како што пишува Аваз, наводно поранешната девојка на ова момче лажирала бременост.

Тие него го држат во куќа во Дубрава. Го дрогираат и му даваат алкохол. Не можеме да ја најдеме куќата. Кој и да прашаме ни вели: „Не не интересира, таа е бесрамница“. Некоја девојка, веројатно неговата поранешна, што знам, рекла дека е бремена од него, а тој тврди дека не е, рекол извор за Аваз.

Хамзиќ од Живиница исчезнал на 13 јануари. Во полицијата нема никаква пријава за неговото исчезнување.

Го киднапираа две бесрамнички. Го чуваат затворен, го дрогираат и не сакаат да го пуштат. Јас му се јавив, разговарав со него. Тој едвај зборува колку е измачен. Повикавме полиција, но не реагираат. Ќе видиме што ќе биде со него. Ќе се јавиме повторно во полиција да ни помогнат да го спасиме, рекла роднина на Елведин за Аваз, кој тврди дека тие две го чуваат затворен и не му даваат на момчето да се врати дома.