АЦ Милан е на прагот по 11 годишна пауза да ја освои титулата во Сериа А.
Во шампионатот на Италија остануваат уште две кола, а Милан викендов на домашен терен ја пречкува Аталанта. Со оглед на фактот што во споредба со ривалот Интер, има два бода предност на лидерското место ова е веројатно клучниот меч за освојување на толку посакуваното “скудето”.
Од тие причини во Милано деновиве владее невидена еуфорија по повод овој дуел. Капацитетот на Сан Сиро е 80.000 гледачи, а во клубот се пристигнати 200.000 барања за билети токму за неделниот меч против Атланата. Според медиумите во “чизмата”, ваква еуфорија не е видена одамна но и податокот дека “росонерите” се пред чекор до освојување на титулата си го прави своето. Во последното коло Милан гостува кај Сасуоло, додека пак Интер викендов гостува на Каљари а во последното коло дома се среќава со Сампдорија.
Натпреварот помеѓу Милан и Аталанта е закажан во недела со почеток од 18:00 часот.
Димитар Младеновски