Некои светски медиуми пренесоа дека постои сомнеж дека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун починал, додека други пренесоа дека е во вегетативна состојба.
Меѓутоа, не постои лесен начин да се проверат тие информации, бидејќи станува збор за најзатворената земја на светот.
Во меѓувреме се појавија голем број гласини за тоа што би можело да му се случи на лидерот на Северна Кореја.
Како што веќе споменавме и во претходната вест поврзана со шпекулациите за неговата смрт, изгледа дека му се влошила здравствената состојба и морал да направи операција на срцето.
„NewYork Post“ пренесува (иако неофицијални) информации од Пекинг, дека операцијата за вградување стент не се одвивала најдобро, бидејќи на хирургот му се треселе рацете.

Да потсетиме, член на кинескиот лекарски тим кој се наоѓа во Северна Кореја објаснил дека за време на посетата во едно село, на 12-ти април, Ким наеднаш почувствувал силна болка во градите и паднал на земја. Лекарот кој бил заедно со лидерот на лице место му направил реанимација, а потоа го однеле Ким во најблиската болница.
Кина испратила лекарски тим во Северна Кореја.