Ник Стаускас со поентерска експлозија (ВИДЕО)

665

Играчот на Гренд Репидс Голд, Ник Стаускас ппостигна 57 поени против Висконсин Херд.

Синоќа во “развојната лига” која е под капа на NBA односно NBA G League, популарниот “Сос Кастиљо” сруши повеќе рекорди. Во првото полувреме постигна 38 поени кој се рекордни во досегашното постоење на лигата како и 11 тројки.

Често играчи од NBA G League се повикувани на 10 дневни договори во NBA каде добиваат шанса да го покажат својот талент на големата сцена. Годинава поради многубројните повреди и ковид протоколите бележиме рекорден број на “повици” од најсилните тимови во светот. По сјајното поентерско издание на Стаускас за очекување е повторно да добие шанса за настап во лигата.

Поранешниот висок избор на драфтот (8-ми пик на драфтот 2014 избран од Сакраменто Кингс) ја игра својата 8-ма професионална сезона. Канаѓанецот во NBA досега го носеше дресот на Сакраменто, Филаделфија, Бруклин, Портланд, Кливленд и Мајами. Пред да потпише за Гренд Репидс Голд, настапуваше за Репторс 905 и за шпанска Баскониа.

NBA FAN

Димитар Младеновски