Никако да оздрави: Дибала позитивен на корона и по четврти пат!

635

Еден од најдобрите фудбалери на Јувентус, Пауло Дибала и четврти пат е позитивен на коронавирусот. Аргентинецот никако не успева да ја добие битката и ќе мора да премине на посилна терапија.

Италијанските медиуми пишуваат дека прво ќе му се земе крв за да се открие дали организмот на фудбалерот создал антитела.

„На почетокот тешко дишев, ме болеа мускулите. Не можев ништо да правам подолго од пет минути“, раскажа Дибала.

Покрај Дибала, позитивни на вирусот беа и неговите соиграчи Даниеле Ругани и Блез Матуиди.