“Никогаш не се сожалувајте себеси”: Милијардерот Чарли Мунгер го открил патот до успехот

918

Во февруари 2018 година, богатството на овој човек беше проценето на 1,7 милијарди долари.

Сите оние кои се незадоволни со своите животи бараат инспирација во богатите луѓе и милијардерите кои ги гледаат како идоли. На овој свет има голем број личности кои успеале да создадат големи богатства, но постојат и неколку најбогати кои имаат милијарди долари и кои буквално не знаат што да прават со нив.

Еден од таквите е и Чарли Мунгер, потпретседател на компанијата “Berkshire Hathaway” кој поседува богатство од 1,7 милијарди долари. Овој човек моментално има 94 години и вели дека е задоволен од својот долг и среќен живот во кој успеал да создаде огромна количина на пари.

Поради тоа, многумина се прашуваат кој е неговиот пат до успехот и бараат совети од него како и тие да постигнат барем делумни резултати. Мунгер не е човек кој открива голем број детали за својата работна политика, но неодамна открил две работи за кои смета дека се најважни за создавање на богатство и успешен бизнис.

“Постојат две работи кои ги научив во мојот долг живот и кои ме водат до успехот. Првата работа е никогаш да не се сожалувате себеси. Ако вашето дете умира од рак, не сожалувајте се – тоа нема да ја подобри ситуацијата. Втората важна работа е зависта. Не смеете да им завидувате на другите, мора да се гледате само себеси. Тоа е најголемиот смртен грев кој ќе ви оневозможи да бидете успешни”, изјавил Чарли кој смета дека овие две работи се најодговорни за неговиот успех.