Никогаш не се задоволувајте со лошо кафе, лоши пријатели или лоши мажи!

513

За некои работи во животот потребно е повеќе труд.

Во последно време, во мода е да се шири идејата  дека е кул да не ви е гајле за ништо.

Луѓето сакаат да сте опуштени, да не се замарате. Сакаат да бидете лабави и се да прифаќате како што доаѓа. Тоа е супер идеја и начин на живот и оваа идеја треба ја спроведувате во некои делови од животот, но не секогаш и не секаде.

Постојат работи во животот кои никогаш не смеете да прифатите да бидат медиокритетни. За некои работи морате да се борите.

Луѓето кои не знаат како да живеат според своите стандарди ќе се обидат да направат да се чувствувате лошо за вашите сопствени. Тие ќе ве нарекуваат со секакви имиња. Тие ќе сакаат да се чувствувате себично само затоа што сакате да бидете среќни.

Но, ако го живеете сопствениот живот грижејќи се за тоа дали луѓето мислат дека се грижите премногу, тогаш ќе имате лабав, но многу досаден живот.

Ако страста ги плаши луѓето, заминете си. Ако вашата енергија е премногу за некого, исфрлете го од вашиот живот. Ако тоа што сте јасни и гласни за тоа што го сакате се смета за премногу, тогаш продолжете да барате.

Вашиот живот треба да е одраз на работите кои ги сакате најмногу и она што ве прави среќни. Не треба да се плашите да го кажете тоа. Ако се однесувате како да не ви е гајле, тогаш ќе добивате работи за кои навистина не ви е гајле. Толку е едноставно.

Постојат милион работи врз кои не можете да имате контрола и за кои не треба да се замарате. Поголемиот дел од тие работи се поврзани со другите луѓе и за тоа што тие мислат. Треба да се ослободите од очекувањата на дугите луѓе, затоа што тоа што го прават луѓето е нешто што не можете да го промените.

Она што можете да го направите е да одлучите што ќе дозволите да влезе во вашиот живот. Вие имате контрола врз стандардите за живот кои вам ви се важни.

Затоа, не се задоволувајте со лоши пријатели кои ве користат. Не се задоволувајте со лоши мажи кои никогаш не ги исполнуваат ветувањата. И никогаш, ама баш никогаш не се задоволувајте со лошо кафе. Тоа ќе ви го уништи денот.

Животот е прекраток за да си ја трошите вашата енергија на работи кои постојано ве исцрпуваат. Затоа престанете да глумите дека не ви е гајле за ништо и фокусирајте се на тоа што можете да направите за да бидете среќни.