Никогаш решена мистерија: На повратничкиот меч на Тајсон во 1995 година сите гледале во ова

863

Овој детаљ направи повеќе да се зборува за него отколку за борбата која се случи на 19 август 1995 година.

Мајк Тајсон бил бесен откако излегол од затвор, па му биле потребни само 89 секунди да го нокаутира Питер Мекнили. Години подоцна, поточно четврт век подоцна, се зборува само за она кое било забележано непосредно пред мечот бидејќи многумина можат да се заколнат дека станува збор за мобилен телефон.

Проценете и самите од видеото:

Еден од гледачите во публиката држи нешто што не наликува на камера од 90-тите туку навистина наликува на мобилен телефон. Видеото објавено на Јутјуб оди чекор понапред во теориите на заговор, а истото е насловено: “Необјаснив патник низ времето воочен на мечот на Мајк Тајсон”.

Еве и што стои во описот од видео снимката која ја објавил некој корисник со остро око:

“Битката во рингот од 1995 година помеѓу Мајк Тајсон и Питер Мекнили во Лас Вегас. Некој од публиката е забележан како фотографира со она што се чини дека е, и наликува на уред како паметен телефон или некој друг мобилен телефон. Не знам дали е патник низ времето или не, но никој не може да објасни за што станува збор. Тогашниот фотоапарат QV-100 нема сребрена боја на десната страна, а се чини дека овој “фотоапарат” нема црна линија под објективот”, стои во описот.

Навистина необично, а прашање е дали некогаш ќе го дознаеме рационалното објаснување зад сето ова.