Никој не може да поверува дека ова е познатата убавица на Холивуд

709

Актерката Феј Данавеј, една од легендите на Холивуд, вчера го прослави својот 79-ти роденден. Кариерата ја започнала во доцните 60-ти години, а најпозната е по улогата во филмот “Bonnie and Clyde”.

Улогата на Бони Паркер ѝ ја одбележа кариерата, а пред да добие чест да глуми во филмот, продуцентите размислувале за Шер, Ен-Маргрет, Тјуздеј Велд и Су Лајон за екранизација на тој филм. Данавеј е воедно една од само четирите дами кои во текот на кариерата добиле награда за најдобра и најлоша актерка.

Феј Данавеј доби Оскар за улогата во филмот “Network”, а Златна малина за “Mommie Dearest”. Освен на Феј, тоа ѝ успеало и на Сандра Булок, Лајза Минели и Хали Бери.

Феј била три пати номинирана за Оскар, а во текот на кариерата заработи и три Златни глобуси за своите телевизиски и филмски улоги. Сопственичка е на БАФТА и Еми и е прва добитничка на признанието “Leopard Club”.

Најпознатата улога која Феј ја одбила е ликот на Сара во “Requiem For A Dream”. Улогата на крајот ја добила Елен Бурстин, која беше наградена и со Оскар за својот труд. Понудена ѝ била и улога во филмот “Julia”, но и таа улога ја одбила, а Џејн Фонда која глумела наместо неа беше номинирана за Оскар за најдобра женска улога.

Таткото на Феј, Џон Мекдауел Данавеј Џуниор бил воено лице додека таа растела, а тоа резултирало со фактот дека целото детство го провела селејќи се по САД и Европа.

Што се однесува до љубовниот живот, Феј била два пати во брак, а двата брака траеле помалку од 6 години. Нејзиниот прв сопруг бил музичарот Питер Волф, а биле во брак од 1974 до 1979 година. Во 1983 година, Данавеј стапила во брак со британскиот фотограф Тери Онил, а се развеле во 1987 година.

Познатата убавица денес не личи на себе, а причина се бројните естетски корекции на кои таа се подложила.