Никола Тесла, изумителот на електричната енергија со чија помош денес го живееме ова модерно време, воедно бил и еден од најпаметните луѓе кои некогаш постоеле во светот, светлосни години пред сите останати.
Тесла уште пред 100тина години го предупредил светот за постоењето на неколку заблуди во кои сите ние слепо веруваме, а сеуште се присутни во нашите животи. Имено, со текот на годините, овие заблуди некако успеале да се рашират и да станат доминантно уверување ширум светот, па токму затоа и никој не се обидувал да ја провери нивната веродостојност.
Според славниот научник, најголемите човечки заблуди настанале токму во модерното време, а издвојува 3 како најдеструктивни…
1. Заблуди за универзумот
Тоа се оние верувања дека Земјата е единствената планета која може да поддржува живот и дека луѓето се најразвиената раса во вселената. Исто така тука спаѓаат и верувањата дека универзумот е вакуум без енергија и материја, со исклучок на планетите, ѕвездите и ситните вселенски честички. Во овие заблуди од пред неколку години може да се вметне и верувањето дека Земјата е рамна плоча. Секако овие заблуди, како и многу други, потекнуваат поради научници кои донеле заклучоци без никакви факти и докази. Бидејќи сè уште нема никакви факти и докази за да се докаже спротивното, овие верувања сè посилно се вкоренуваат во умот на луѓето ширум светот.
2. Заблуди за болестите и начините на лекување
Втората „популарна“ заблуда се однесува на онаа за како настануваат одредени болести, како и потрагата по начините за нивно лекување. Иако е на второ место по значајност, таа е прва по распространетост. Тоа се случува поради немерливите проблеми на науката кои чинат голем број човечки животи, здравје, креативен и интелектуален потенцијал бидејќи им оневозможуваат на луѓето да се развиваат.
3. Заблуди за енергијата
Последната заблуда, која воопшто не е помалку важна од останатите, се однесува на можностите кои на човекот му овозможуваат енергија. Бидејќи не познава многу методи на енергија, може слободно да се каже дека човекот само што почнал да ја открива оваа област преку спознавање на електричната, топлотната, сончевата енергија, како и енергијата од ветрот и водата. Сите други извори на енергија се целосно непознати. Но, она што е најлошо од сè е што воопшто не се ни размислува на откривање нови начини за создавање енергија кои би биле во состојба да му помогнат на човештвото, само затоа што голем број луѓе заработуваат многу од овие кои во моментов постојат.